Спорт плус
19. December 2017 - 16:34

(ВИДЕО) Кога технологијата не може, тука е парчето хартија

 
 
 Иако воведувањето и користењето на врвната технологија се повеќе има примена во спортот, со цел да се избегнат неправдите, особено во преоценката на судиите, сепак во американскиот случај, парче хартија се покажа како пресудно. 
 
Натпреварот од Националната фудбалска лига (НФЛ) или популарното американско рагби, меѓу Оукленд и Далас, го одбележа несекојдневниот потег на главниот судија Стераторе, кој користеше парче хартија за да донесе многу важна одлука. 
 
Клучниот момент се случи во последната четвртина при нерешен резултат 17-17. Во ситуација кога милиметри решаваа дали топката ја минала потребната дистанца (јарди), судијата од својот џеб извади парче хартија, кое го искористи да провери дали има празен простор меѓу топката и поставената шипка за мереше должина. 
 
 
Со оглед дека немаше празен простор, парчето хартија да мине, Стераторе донесе одлука топката да им ја додели на „Кауоите“ кои во продолжение со шут од поле освоија три поени вредни победа со 20-17.