Вицепремиерот Османи во посета на Германија
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе отпатува во работна посета на Берлин, Сојузна Република Германија, каде на средби со германски високи претставници ќе ги презентира реформите во делот на евроинтеграциите, динамиката на спроведување на мерките од Планот 3-6-9 и можноста за германска поддршка за нивна имплементација.
Како што соопшти СЕП, вицепремиерот Османи утре ќе оствари средби со Михаил Рот, државен министер за Европа во федералното Министерство за надворешни работи и со Андреас Гис, директор за развојна соработка, во Министерството за економска и развојна соработка на Германија.
- Реформите поврзани со процесот на европска интеграција на Македонија, особено динамиката на реализацијата на мерките од Планот 3-6-9, како и можностите за германската поддршка за нивна имплементација ќе бидат во фокусот на разговорите. На средбите ќе се разговара и за Берлинскиот процес како и имплементацијата на мерките од Агендата за поврзување кои се особено значајни за понатамошно унапредување на регионалната соработка, како важен сегмент за процесот на пристапување во ЕУ, наведуваат од СЕП.
Дополнително, во рамки на посетата на Берлин, Османи ќе се сретне и со д-р Кристоф Бејер, потпретседател на Управниот одбор на ГИЗ, како и со претставници на фондациите „Конрад Аденауер“ и „Фридрих Еберт“, стои во соопштението од СЕП.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст