Вицепремиерот Османи се сретна со грчкиот амбасадор Јанакакис
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со амбасадорот на Република Грција во Македонија Димитриос Јанакакис.
На средбата, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот Османи го образложил Планот 3-6-9, кој претходно на денешната прес-конференција првпат и беше презентиран на јавноста.
Османи ги претставил реформските активности кои се планираат во првите три месеци и ги пренел очекувањата на Владата за отстранување на условеноста и добивање чиста препорака од страна на Европската комисија.
Вицепремиерот Османи нагласил дека Владата со досегашните активности и со овој план, како што се наведува, покажува и ќе докаже дека сака да ја врати земјата таму каде што припаѓа, во евро-атлантското семејство. Османи посочил дека долгото чекање пред вратите на Унијата ја повлекло земјата назад и ја однело во длабока политичка и институционална криза, поради што, како што се наведува, повеќе не смееме да правиме грешки.
- Ние мора да го искористиме овој прозорец на можности што сега ни се отвора, овој нов моментум на севкупен оптимизам, како во земјата, така и во земјите-членки на Европската Унија. За нас нема друга алтернатива освен членството во Европска унија, поради што е важна вашата поддршка, како сосед, пријател и партнер, за евроинтегративните процеси на нашата земја, нагласил Османи.
Вицепремиерот Османи истакнал дека промовирањето на односите и соработката со соседните земји, како и зајакнувањето на регионалната соработка, остануваат висок приоритет на Владата. Посочил дека мерките за градење доверба меѓу двете земји се значајни чекори кон промовирање на добрососедските односи и продлабочување на билатералната соработка и изразил подготвеност за понатамошно зајакнување и активно учество во сите релевантни иницијативи.
- Соработката меѓу двете земји беше од суштинско значење за запирање на миграциските текови кон остатокот од ЕУ и уште еден доказ дека кога работиме заедно, резултатите се евидентни, потенцира Османи на средбата.
Ново на Сител
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ
-
Министерство за здравство: Ќе се утврдат причините за смртта на 14-месечно бебе
-
Спасувачите трагаат по исчезнати по поплавите и свлечиштата во Јабланица
-
Досега нема кривична пријава поврзана со „Конти“, граѓаните да внимаваат при вложување пари во вакви апликации
-
Лазов: ДСЗИ ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатотото бебе било претходно лекувано
-
МОН: Честит 5 Октомври – Светски ден на учителот
-
Над 20 интервенции ноќеска во поплавени куќи во Тетово