Македонија
27. August 2021 - 8:30

Вицепремиерот Битиќи на одбележување на „Денот на рударите“ во РЕК Битола

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе присуствува на одбележувањето на „Денот на рударите“, на покана на АД Електрани на Македонија.

Предвидено е Битиќи да се обрати на настанот по повод „Денот на рударите“, што ќе се одржи во кругот на Рударско енергетскиот комбинат (РЕК) во Битола.