„Вибер“ апликацијата од мобилниот на Матеј e избришана, производителот вели дека тоа може да го направи само корисникот
Избришан „Вибер“ од мобилниот на Матеј: Производителот вели дека тоа може да го направи само корисникот.
Имено, вибер апликацијата на овој уред, која последен пат беше достапна на 22 јануари, е деинсталирана!
Засега не се знае кој и зошто би можел да го направи тоа, но она што се знае е дека апликацијата не се брише од телефонот од страна на производителот по кратко некористење, туку нејзиното деактивирање мора да го направи корисникот, односно некој кој има пристап до телефонскиот систем.
Профилот на Матеј се уште постои на „Whats app“, објави Информер.
Телефонот на исчезнатиот сплиќанец од самиот почеток е голема енигма. Според податоците на полицијата, сигналот на оваа телефонот е регистриран ноќта на 31 јануари на шеталиштето кај Сава, каде се претпоставува дека Матеј влегол во водата, иако камерите не го забележале како го прави тоа. Следниот сигнал бил „фатен“ околу 2,5 часа подоцна, на неколку километри, во близина на островот Голема војна.
Оваа информација на многумина им звучеше чудно, со оглед на тоа дека доколку Матеј влегол во Сава, а телефонот му бил во џеб, немаше да може толку долго подоцна да даде сигнал. Овие наводи ги потврди и компанијата која го произведе телефонот.
Ново на Сител
-
Активни пожарите на Готен и во малешевијата, на Бешешки рид и уште четири други
-
Приведени четири лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Зголемена фреквенцијата на возила на граничните премини Табановце и Пелинце
-
Засилени царински патроли на Охридско Езеро: Целосна контрола на пловните објекти за спречување криминал и избегнување на давачки
-
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Повторно енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата
-
УХМР: Денеска до 43, од утре и следната недела пониски температури, нестабилност со пороен дожд и грмежи
-
Ноќеска активни дeсeт пoжaри, 16 сe изгaснaти
-
Трамп: Не смееме да го укинеме договорот за нуклеарни ограничувања