Бизнис
3. August 2017 - 19:36

Ви останаа метални евра после летување: Еве што да сторите

Зошто се употребуваат странските кованици во Македонија и дали е можно да се заменат во менувачниците и банките е прашање кое секогаш е актуелно за време на летниот период, кога секому од нас после летување ни остануваат кованици кои не се потрешени.

Банките и овластените менувачници можат да примаат странски ковани пари од граѓаните, но немаат таква законска обврска, туку оставена им е можност самостојно да одлучат во врска со тоа прашање и да ја уредат својата политика.

Затоа, доколку имате останато ситни пари од вашето летување распрашајте се кои од менувачниците и банките ќе ги заменат за денари.