Ветингот во МВР на владина седница

Владата на денешната седница треба да ја разгледа Информацијата во врска со потребата од спроведување процес на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи.
Ветингот во МВР, како што повеќепати најави министерот Оливер Спасовски, е потребен за да се зацврсти интегритетот на полицајците и нивната отпорност кон какви било влијанија кои се спротивни на законите. Целта е декриминализирана и депаритизирана полиција која ќе го штити интересот на граѓаните и полицајци кои професонално и одговорно ќе си ја вршат својата задача.
Ветингот во полицијата треба да се базира на три столба. Прво – вработувањето и кариерата на секој полициски службеник, второ – имотната состојба и трето – интегритетот и профресионалноста во извршувањето на работните задачи. Ќе се проверува стручното образование, интегритетот, имотната состојба и евентуално криминални активности.
Покрај МВР, се очекува во иднина ветинг да има и во други јавни сектори. Поддржувачите на ветингот сметаат дека тоа е процес од општетсвен интерес што треба да ја зајакне професионалноста на јавните служби и да создаде систем што ќе ги штити правната државата и граѓаните, кој нема да зависи од политиката и политичарите и ќе создава можности за развој.
Ново на Сител
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
-

Најмалку 27 луѓе загинаа при руски напад врз Буча
-

Земјоделците во Прилепско ги пријавуваат штетите од невремето, најголеми на тутунот и пиперката
-

Димитриеска-Кочоска: Градиме посилен систем на ревизија и контрола на јавните средства
-

ПСЖ повторно се спаси од пораз во Лига 1
