Ветер со брзина од 100 километри - Македонија ќе блесне во бело
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, локално со провејување на слаб снег. Ќе дува силен северен ветер со брзина повремено и од околу 100 километар на час, кој особено ќе биде изразен на планините.
Утринската температура ќе се движи од минус шест до два, а дневната од минус три до пет степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со силен северен ветер, а можно е да провејува и слаб снег. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до два степена.
И во четврток времето ќе биде променливо облачно, локално ќе провејува слаб снег и ќе дува силен северен ветер. Од петок следува разведрување и постепено стишување на ветерот. За време на викендот времето ќе биде сончево. На новогодишната ноќ ќе биде ведро, но многу студено со температура под минус 10 степени.
Ново на Сител
-
Еден од двата лифта расипан во МРТВ, ред се чека 40 минути | ФОТО
-
Руски брод потона по експлозија
-
Снег и ветер го блокираат Балканот: Патувајте само ако е неопходно
-
Шпанија: Откриени компании кои увезле 2.000 тони фалсификувана стока во ЕУ
-
Безбедна водата за пиење во Скопје
-
Спроведени 62 вонредни контроли на новогодишни пакетчиња, кај две најдени производи со изминат рок
-
Тошковски: Нема официјална потврда од ниедна соседна земја каде е Груби
-
Приходите на апликацијата Телеграм надминаа милијарда долари во 2024 година