-->
-->
Вест која ќе ви го стопли срцето - Болното и напуштено дете започна да оди на училиште
-->
Светот беше шокиран кога дозна за потресната приказна за т.н. „дете-вештер“ кое од своето семејство беше напуштено поради „вештерство“. Малото прегладнето и болно дете беше спасено од хуманитарниот работник Ања Рингрен Ловен која започна да се грижи за него.
-Денот кога првпат го носев ова слатко мало момче во моите раце, бев сигурна дека нема да преживее. Секој вдишување беше битка за него и не сакав да умре без име, без достоинство, па го крстив Хоуп (Надеж), вели Ловен.
Ловен се грижи за други деца а на социјалните мрежи постојано споделува фотографии од нивните детски а сега веќе и безгрижни денови.
Но Хоуп порасна и оздраве доволно за да почне да оди на училиште.
Пред првиот училиштен ден, Ловен ја пресоздаде виралната фотографија на која му дава вода на прегладнетото детенце. Но, за разлика од пред една година, на новата фотографија Хоуп е среќно 3-годишно момче со здрава тежина.
-На 30 јануари 2016 година, тргнав на мисија… На спасувачка мисија која стана вирална. Денес, навршува точно една година откако светот го запозна малото момченце наречено Хоуп. Оваа недела Хоуп ќе тргне на училиште, напиша Ловен на Фејсбук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228