Македонија
16. March 2017 - 15:50

Весникот „Илинден“ од денеска и со електронско издание

Единстениот печатен медиум на македонски јазик во Албанија, весникот  „Илинден“, кој неодамна го прослави петтиот  роденден, од денеска и со електронско издание.

- Со огромно задоволство објавуваме дека весникот „Илинден“ освен во печатна верзија сега може да се следи и на www.vesnik-ilinden.com. На тој начин, нашиот весник го правиме достапен за Македонците во Република Албанија, но и насекаде каде и да се, како и за целокупната 
јавност, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, уредник на весникот и познат публицист.

Тој додаде дека за се она што објавува весникот - активностите на македонските друштва, македонската партија МАЕИ, негувањето на традициите и обичаите, објвавени книги, монографии и публикации на Македонците ќе може да прочитаат и да се запознаат сите Македонци каде и да се на земјината топка.

- Ова е уште еден успех на македонското друштво „Илинден“ чии основни заложби се заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет и наследство на Македонците во Република Албанија, посочи Ѓурѓај, додвајќи дека сите сугестии, критики и пофалби од читателите се добродојдени.

Првиор број на весникот беше објавен на 8 февруари 2013 година, како двоброј за март и април и во изминатите години предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија и меѓу македонската дијаспора во светот. Весникот пренесува и информации и за матичната земја Македонија.