Весли Кларк му честита на Харадинај за посветеноста

Рамуш Харадинај, кој пред една недела поднесе неотповиклива оставка на премиерската функција, денеска изјави дека добил писмо од пензионираниот генерал на НАТО Весли Кларк во кое му честита на посветеноста за напредокот и развојот на Косово.
Харадинај на својот Фејсбук профил напиша дека Кларк го пофалил за напредокот и развојот на Косово во изминатите години.
Тој вети дека народот на Косово ќе му биде вечно благодарен на генералот Кларк.
Харадинај за денеска закажа редовна седница на владата. Приштинскиот весник „Коха“ пишува дека Харадинај, по враќањето од сослушувањето во Специјалниот суд во Хаг за злосторства на таканаречената ОВК над Срби и други неалбанци, се однесува како во меѓувреме ништо да не се случило.
Од Хаг во Приштина Харадинај се врати доцна синоќа.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
