Вештачката акумулација „Стрeжево“-Битола порибена со крап
ЈП „Стрежево“-Битола, концесионер на истоимената вештачка акумулација, заедно со претставници од репроцентар „Акватика“ од Неготино и членови на Здружението на спортски риболовци „Рибар 2011“-Скопје, извршија порибување со крап на акумулацијата што се наоѓа во непосредна близина на Битола.
Од ЈПО „Стрежево“-Битола информираа дека порибувањето го мониторирале инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и е во согласност со риболовната основа за оваа риболовна вода.
-Рибниот подмладок е набавен од регистираниот репроцентар Акватика-Неготино. Порибувањето се реализира со крап, со единечна маса на порибителен материјал од 50 до 800 грама и просечна тежина од 200 до 300 грама. Порибувањето беше со средства од здружението на риболовци спортско-рекреативен клуб „Рибар-2011“ од Скопје. Порибувавме кај браната, односно крајбрежниот појас во близина на командната зграда и шахтниот преливник на акумулацијата, информираа од ЈП „Стрежево“-Битола. Најавија и наскоро ново порибување на риболовната вода Акумулација „Стрежево”.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип