Весели: Претседателот нема да се избира оваа недела
Претседателот на косовскиот Парламент Кадри Весели, ги демантираше информациите,пласирани во домашните медиуми, дека новиот шеф на државата ќе се избира во петок,19 февруари, јави дописникот на МИА.
Од Брисел каде се наоѓа во официјална посета, тој за радио телевизија Косово изјави дека обврска на власта и опозицијата е со нивното однесување да докажат дека работат за својата земја.
-Имаме свикано седница за петок која директно е поврзана со визната либерализаија.Европската комисија очекува од Парламентот на Косово да донесе закон кој е услов за визите, -изајвил Весели.
Според него изборот на претседател ќе биде на посебна седница.
- Седницата за избор на претседател ќе биде посебна,ќе биде седница како што заслужува претседателот. Тоа ќе биде свечена седница,што полегална и уставна,за да имаме легитимен претседател, изјавил Весели.
Првиот косовски парламентарец додал дека седницата за избор на нов шеф на државата ќе биде транспарентна и сеопфатна.
Претходно косовските медиуми пренсоа дека изборот на претседател ќе биде на 19 февруари и оти поради најавите на опозицијата дека ќе го блокира Парлментот,се шпекулираше дека изборот ќе биде во друг објект.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Ивановски, директор на Европската Фискална Конфедерација
-
МОН затвори уште еден приватен институт, ќе се мониторираат дипломите и магистерските
-
Цените на станбениот квадрат уриваат рекорди, колку се реални?
-
Судот во Перник: Пропустите на автопатот „Струма“ придонесоа за несреќата на „Беса Транс“
-
Бајден пред заминување ги заостри санкциите кон Западен Балкан
-
Петрушевски: Сите се дистанцираат од Груби, освен СДС
-
Панихида за Мара Бунева во недела, партијата Преродба со провокација
-
Министрите за интерпелациите: Уште еден обид на ДУИ за дестабилизација