Бизарно но вистинито
29. March 2018 - 12:00

Веселба на гробишта: Легна на гробот со печено прасе до нејзе и почна да зборува

По лажното „опело“, Дика размислувала кој за неа би плачел кога навистина би умрела, а потоа едвај успела да стане од гробот на кој лежела.
 
Една трагикомична сцена стана вистински хит на социјалните мрежи, а кога ќе го погледнете видеото ќе сфатите и зошто.
 
Имено, една хумористична група организираше вистинска веселба на гробиштата, а дотичната госпоѓа Дика легнала на туѓ гроб со се цело печено прасе.
 
– Свинска глава да ми нацртате тука, да се знае поради што сум умрела. Само од јадење. А кога ќе умрам, Миро ти ќе кажеш: „ Дико сега со кого да се карам“, и „јас одма ќе станам“, рекла Дика.