Весел Мемеди и Стефан Младеновски сведочат за "27 април"

На денешното судење за наводните организатори за собраниските настани од 27 април, по предлог на Обвинителството, сведочат пратеникот Весел Мемеди и амнестираниот Стефан Младеновски.
Во судницата, Мемеди рече дека после случувањата смета дека "27 април" било смислено сценарио. Во пленарната сала видел дека процедурално првин побарале пратениците Џеват Адеми и Артан Груби, а потоа и Зекирија Ибраими но според Мемеди, претседавачот Вељановски преку ред му дал збор на Ибраими кој ј испеал албанската химна. На прашање од одбраната, Мемеди не одговори дали во меѓувреме пратениците од ДУИ го откажале барањето за процедурално со што збор би добил Зекирија Ибраими.
Пред судот сведочи и амнестираниот од претходниот предмет за 27 април, Стефан Младеновски.
Учествувал во протестите како група организирана од Александар Василевски Нинџа и врвот на тогашното УБК, а на дел од средбите присуствувал и директорот кој е обвинет во предметот, Владимир Атанасовски.
Освен тој, обвинети како организатори на случувањата од 27 се и тогашниот претседавач со седницата, Трајко Вељановски и поранешните министри Јанакиески и Ристовски.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Кина надмина 1.000
-

Учениците се враќаат на настава, почнува учебната 2026-2027 година
-

Од денеска од Зелениково до Нова железничка станица во Скопје со Градски воз
-

Европа негодува поради враќање на Русија во Г20
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Трамп размислува за ограничени напади врз Иран
-

Полицијата во Њујорк застрела жена која претходно со ножеви нападнала две лица на „Тајмс сквер“
-

Русинот осомничен за тројно убиство во Црна Гора по кратка престрелка со полицијата се самоуби
