Вес Мичел поднесе оставка
Вес Мичел, врвниот дипломат за европски прашања на Стејт департментот, се повлекува од функцијата, дознаваат американските медиуми.
Вес Мичел беше особено ангажиран околу склучувањето на Преспанскиот договор и разрешувањето на кризата во Македонија. Портфолиото на Мичел во Стејт департментот го вклучуваше и справување со Русија, што е особено чувствително прашање, со оглед на тековните истраги за тоа дали кампањата на претседателот Доналд Трамп соработувала со Москва за време на претседателската кампања во 2016 година.
„Вашингтон пост“ прв ја објави веста за заминувањето на Мичел. „Пост“, наведувајќи го писмото за оставка на Мичел испратено до државниот секретар Мајк Помпео, напиша дека дипломатот си заминува од лични и професионални причини и дека 15 февруари ќе му биде последен ден.
Ново на Сител
-
Модриќ потпиша за Милан
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД
-
Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули