Верниците од исламска вероисповед денес го слават Курбан Бајрам
Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.
Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои принеле жртва, потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините. Курбан Бајрам трае три дена. Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот.
Првиот ден од Курбан Бајрам, 28 јуни, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-

Почина поранешниот норвешки селектор Оге Хајреде
-

Уапсен тетовец, возел со 1,90 промили алкохол во крвта
-

Москва: Правото и здравиот разум надвладеаја во договорот на ЕУ за Украина
-

Најстудено во Скопје, Битола, Струмица и Берово со измерени -4
-

Денеска се празнува Свети Никола Чудотвроец, архиепископ Мирликијски
-

Спроведени 262 контроли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени се минимални недоследности
-

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
-

Мицкоски на промоција на Националната стратегија СМАРТ/МК 2030
