Верижен судир на патот Гостивар – Кичево, повредени 9 лица
Девет лица од кои едно потешко се здобиле со телесни повреди во верижен судар на три возила што вчера околу 17 часот и 30 минути се случил на регионалниот пат Гостивар – Кичево во близина на отворените сепарации, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Трите возила што учествувале во сударот биле со гостиварски регистерски таблички и тоа Голф управуван од Ф.О.(34), Лупо управувано од З.М.(58) и Киа управувана од Т.А.(59), сите од Гостивар.
Во сообраќајката со тешки телесни повреди, се здобил З.М., возач на Лупо, додека возачот на Киа заедно со уште седум сопатници од трите возила се здобиле со телесни повреди. Сите повредени биле префрлени во Општата болница-Гостивар од каде по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.
Вкупната штета се проценува на над 300 илјади денари. Полицијата извршила увид и според првичните информации причина за несреќата е недржење растојание.
Ново на Сител
-
Кои државни институции го полнат буџетот?
-
Туризмот, образованието и инфрастуктурата - фокус на соработка со Обединетите Арапски Емирати
-
Преглед на вестите од светот
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот