-->
-->
Венус: Лекови користевме со дозвола на ВАДА
-->
Американската тенисерка Венус Вилијамс и гимнастичарката Симон Бајлс тврдат дека добиле дозвола од Светската анти-допинг агенција (WADA), како дел од лекарски третман да употребуваат забранети лекови.
Имињата на сестрите Вилијамс и Симон Бајлс се наоѓаат на хакираните документи кои во вторникот ги објави руската хакерска група „Fancy Bears“.
Оваа група која се бори за фер плеј во спортот, соопшти дека бројни американски спортисти, меѓу кои сестрите Серена и Венус Вилијамс и гимнастичарката Симон Бајлс, биле позитивни на допинг, но дека не биле санкционирани и дека продолжиле да се натпреваруваат.
Инаку, Бајлс, на Олимписките игри во Рио де Жанеиро беше една од најсупешните спортистки, таа освои четири златни и еден бронзен медал.
Младата гимнастичарка истакнала дека секогаш ги почитувала правилата и дека верува во спорт без допинг. Бајлс напишала дека има хиперактивно пореметување, што подразбира невозможност за концентрација, хиперактивност и непредвидливо однесување и дека има дозвола од WADA да користи лек кој инаку се наоѓа на листата на забранети.
„Поради тоа јас употребувам лекови уште од детството. Ве молам, сакам да знаете дека јас верувам во спорт без допинг, секогаш сум ги почитувала правилата и планирам така да продолжам“, напишала Бајлс на социјалните мрежи.
Венус Вилијамс, која на ОИ во Рио, освои сребрен медал во мешани двојки, рекла дека добила дозвола да користи одредени лекови „кога дошло до сериозно нарушување на нејзината здравствена состојба“, односно дека резултатите ги прегледале анонимна, независна група на лекари, кои ја одобриле терапијата.
Постарата од сестрите Вилијамс, рекла дека во 2011 година и бил дијагностициран Шегреновиот синдром, кој се карактеризира со пореметување на видот, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, срцето, ендокриниот систем.
„Разочарана сум што приватни медицински податоци се објавени без моја дозовола. Ги почитував правилата кои ги пропишува светската анти-допинг програма. Побарав и ми беше дозволено лековите кои се наоѓаат на листата на забранети супстанци да ги користам како дел од мојата терапија“, рекла Венус Вилијамс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина продуцентот Панче (Панта) Мижимаков
-
Сообраќајна несреќа на патот Скопје - Тетово, едно лице се здобило со тешки телесни повреди
-
При претресот кај Видевски не е пронајден пиштолот за кој имал дозвола
-
777 санкции за возачи во текот на вчерашниот ден, 212 за пребрзо возење
-
При претрес во Кочани пронајдено оружје и дрога - приведени две лица
-
Алкараз: Тоа што Синер не игра во Индијан Велс, не менува ништо
-
Се испитуваат причините по повредата на дете предизвикана од пад на гранка од дрво во Карпош
-
Царината заплени 18 килограми сребро, 1.852 парчиња облека, обувки и играчки со потпис на заштитени трговски марки