Венко Крстевски избран за в.д градоначалник на Општина Кочани
Независниот советник Венко Крстевски е избран за в.д. Градоначалник на општина Кочани. На денешната седница советниците избираа помеѓу двајца кандидати, Крстевски и предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Марков.
-Јас ќе бидам мост меѓу граѓаните и институциите. Фокусот ќе биде на младите и затоа ги повикувам сите млади со креативни идеи, кабинетот секогаш ќе биде отворен за нив, рече тој откако ја доби поддршката од колегите.
Крстевски доби поддршка од 9 советници, додека Марков од 8. Советничката од Левица, Жаклина Филиповска Свеќаровска остана воздржана и не поддржи ниту еден од двајцата кандидати.
Клучен момент за изборот на в.д. градоначалник на општина Кочани беше оставката на советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Кристина Атанасова-Арсова. Оставката практично значеше дека Крстевски ќе добие поддршка од мнозинството. Доколку таа не дадеше оставка и гласаше за Марков, тогаш советниците денеска немаше да можат да изберат градоначалник.
Таа прво ја критикуваше својата советничка група, се извини што не можела да го исполни тоа што го ветила како носителка на советничката листа на партијата. Ги критикуваше и двајцата кандидати за кои рече дека амбициите им се само да дојдат до функција.
-Мојот здрав разум и мојата заклетва не ми дозволуваат да поддржам ниту еден кандидат. Во оваа прилика сакам да ја доставам мојата оставка до претседателот. Повелете претседателе. Јас ви благодарам на сите, и од овој момент ќе се посветам на син ми којшто сѐ уште е во болница од несреќата и на сите оние деца коишто треба да се вратат з анивната рехабилитација зашто периодот ќе биде многу долг и многу напорен и јас ќе се борам за нив со сите мои сили и со сите мои културолошки аспекти.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми
-
Ребаланс – па локални избори! Мицкоски најави 3 инвестиции во Штип и над 1.000 вработувања
-
Цените почнаа да растат – дел од маркетите со нови ценовници