Венецуелски судија издаде налог за апсење на опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес
Венецуелски судија издаде налог за апсење на опозицискиот кандидат за претседател Едмундо Гонзалес, под обвиненија кои вклучуваат узурпација на власт, поттикнување на бунт, заговор и саботажа, пренесува ДПА.
Налогот е издаден од судија кој води случаи поврзани со тероризам, на барање на Обвинителството. Овој потег следи по немирите предизвикани од оспорените претседателски избори во Венецуела.
Претходно, венецуелското обвинителство објави дека против Едмундо Гонзалес и опозицискиот лидер Марија Корина Мачадо се водат истраги по обвиненија за узурпација на службена позиција и поттикнување на бунт.
Централната изборна комисија, лојална на владата, го прогласи Николас Мадуро, кој е на власт од 2013 година, за победник на претседателските избори на 28 јули.
Сепак, комисијата сѐ уште не ги објавила деталните резултати. Опозицијата ја обвинува владата за изборни измами и тврди дека Гонзалес ги добил изборите.
Неколку држави, меѓу кои САД, Перу, Аргентина, Еквадор, Панама, Уругвај и Костарика, го признаа Гонзалес како вистинскиот победник, укажувајќи на изборни измами.
ЕУ и Организацијата на американските држави истого доведоа во прашање изборните резултати.
Ново на Сител
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот