Венецуела: Социјалистите го избраа Пара, опозицијата Гуаидо за претседател на Конгресот

Социјалистите на претседателот Николас Мадуро го избраа Луис Пара за претседател на Конгресот, откако војската го спречи лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо да влезе во Парламентот, по што опозицијата одржа седница пред зградата и го реизбра на функцијата.
Спречувањето опозицијата да влезе во Парламентот и изборот на Пара, приврзаниците на Гуаидо го карактеризираа како „парламентарен пуч“.
„Ние го предупредуваме светот дека режимот на Мадуро сака да изврши парламентарен пуч со социјалистите и дека раководството на Националното собрание положи заклетва против волјата на парламентарното мнозинство“, напиша пратеникот на опозицијата Карлос Валеро на Твитер.
Пратениците кои се обидоа да влезат во зградата изјавија дека морале да поминат неколку проверки од полицијата и војската и дека на секој контролен пункт еден од нив бил запрен.
За тоа време, социјалистите ја искористија контролата врз седницата и го назначија Пара за претседател на Парламентот.
Пред една година, Гуаидо рече дека неговата позиција како претседател на Парламентот му дозволува да биде привремен претседател на Венецуела.
Ново на Сител
-

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари
-

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски
-

МНР: Две малолетни и едно полнолетно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија
-

MHERO официјално пристигна во Македонија: Oдржана премиерата на моќниот MHERO II 817
-

Во поплавите во Непал 475 жртви, 2.381 лице се водат како исчезнати од кои 644 се странци
-

УЕФА ќе го тужи Инфантино
-

Попладне наместа услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Во време на премрежија ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри да истраеме на патот на доброто
