Велшанец прозведе лута пиперка која „убива“
Велшкиот фармер Мајк Смит тврди дека прозвел пиперка, која е толку многу лута што може да убие човек, па новата сорта соодветно ха нарекол „Змеев здив“.
- „Змеевиот здив“ има 2,5 милиони единици на скалилата на лутина. Тоа е доволно кај некои луѓе да предизвика анафилактичен шок и смрт, изјави Смит за „Дејли Пост“.
Се наведува дека Смит оваа пиперка ја пријавил во „Гинисовата книга на рекорди“ и чека одговор за тоа дали таа и официјално ќе биде прогласена за „најлута пиперка во светот“.
Смит пиперката го одгледал во соработка со Универзитетот на Северен Велс во рамки со истражувањата за алтернативни методи на анестезија.
Пациентот, на пример, може со масло и пиперка да ја трие на кожата и да ја „умртви“. Според Гинисовата книга, моментно е најлута позната пиперка е „Каролина Рипер“, која има 1,57 милиони единици на скалата за лутина.
Станува збор за табела која поточно означува капсицин, вид алкалоид кој се наоѓа во пиперката. Кога капсицинот доаѓа во допир со рецепторите на телото, најчесто со јазикот, нервниот систем тоа го интерпретира како чувство на жарење и печење.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Карпош, зафатени повеќе куќи
-
11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско
-
ЦУК: Активни осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј