Вељаноски до Иванов: Не сум побарал и нема за што да бидам аболициран
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во писмо до претседателот Ѓорге Иванов истакнува дека никогаш не побарал и нема за што да биде аболициран. Повторува дека се спротивставува на одлуката на Иванов за аболиција и прачува дека секој политичар и функционер треба да одговара за своите постапки и одлуки.
- Господин Иванов, ја користам оваа пригода упатувајќи го ова писмо до Вас, но и до јавноста, уште еднаш да го изразам својот личен став дека јас никогаш не сум побарал од Вас никаква аболиција од проста причина што навистина нема за што да ме аболицирате. Истовремено, како што тоа го истакнав во моето соопштение до јавноста во средата, на 13 април 2016 година, најенергично се спротиставувам на вашата Одлука за аболиција. Но, како што веќе реков, јас и како човек и како пратеник, сметам дека секој политичар и функционер, вклучувајќи го и Претседателот на државата, треба да сноси одговорност за своите постапки и одлуки, наведува Вељаноски во писмото до Иванов.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа