-->
-->
Велимир Бата Живојиновиќ се уште не знае за смртта на пријателот Драган Николиќ
-->
Велимир Бата Живојиновиќ се уште не е известен за смртта на неговиот колега и близок пријател Драган Николиќ, а сопругата Лула не знае кога и како на својот сопруг ќе му ја соопшти тажната вест.
-Цело утро ни ѕвони телефонот. Бата моментално спие. Не знам кога и на каков начин, поради неговата здравствена состојба ќе му соопштам дека Гага повеќе го нема изјавила за медиумите животната сопатничка на легендарниот Валтер.
Лула со одбрани зборови зборува за Драган Николиќ:„ Тој беше толку прекрасна личност. Многу не потресе оваа вест. Бата му даваше поддршка да издржи. Со Милена постојано бев постојано во контакт и таа многу страдаше многу и беше тешко“.
Сеќавањата навираат…
-Драган дојде заедно со Драган Бјелогрлиќ да го посетат мојот Бата и тогаш му кажа „Леле стари колку добро изгледаш. Јас ќе си заминам пред тебе“. Бата тогаш се чудеше зошто му ја бацуваат раката, а тие му кажаа:„Ти беше и засекогаш ќе останеш нашиот кум, нашиот Вито Корлеоне“ – изјавила низ глас полн со тага Лула Живојиновиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гола статуа на Доналд Трамп поставена кај Лас Вегас
-
Рама по инцидентот: Политиката има моќ да сее но и да истребува
-
Албанската опозиција запали столчиња пред парламентот
-
Утрово измерени -2 степени во Берово и Лазарополе, во Гевгелија 12
-
Влада: Уште едно ветување станува реалност - покачени пензии
-
Бројот на загинати од „Хелена“ се искачи на над 130, милиони без струја
-
Зеленски: Ситуацијата на украинскиот фронт е „многу предизвикувачка“
-
Сто дена Влада - Мицкоски ќе ја презентира досегашната работа