Велика Британија втора во Европа по број на починати од Ковид-19
Велика Британија официјално е на второ место во Европа по број на смртни случаи од пандемијата на коронавирусот, покажуваат најновите бројки за смртни случаи во сите средини, вклучително и домовите за стари лица.
Во Велика Британија од Ковид-19 починале околу 26.097 лица соопшти денеска Заводот за јавно здравје на Англија (ПХЕ).
Тоа значи дека Велика Британија има повеќе смртни случаи од Ковид-19 отколку што пријавиле Франција или Шпанија.
Ваквата висока стапка на смртност во Велика Британија го зголемува притисокот врз Владата на премиерот Борис Џонсон, која се соочува со критики од опозициските партии за тоа што премногу бавно воведе мерки и масовно тестирање.
Кон средината на март, главниот научен советник на Владата рече дека задржувањето на бројот на смртни случаи во Велика Британија под 20.000 би било „добар исход“.
Иако меѓународните споредби се тешки, новите бројки потврдуваат дека Британија е меѓу европските држави кои се најтешко погодени од пандемијата.
Италија, која е на второ место по бројот на смртни случаи на светот после САД, денеска соопшти дека починале 27.682 луѓе кои биле позитивни на коронавирусот. Како и во Британија, тие податоци се засноваат на резултати по позитивни тестови на коронавирусот во сите средини.
Шпанија пријави 24.275 смртни случаи од коронавирусот, што е помалку од Британија, но Шпанија има околу 20 милиони жители помалку, така што смртноста по глава на жител е поголема.
Ново на Сител
-

На ГП „Блато“ за четири месеци минале 496.705 патници или 49 отсто повеќе од истиот период лани
-

ЕУ лани регистрирала 540 обиди за странско мешање, често поврзани со Русија и Кина
-

Теорија на заговор: Синот на Доналд Трамп е патник низ времето
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
