Велика Британија воведува имунизациски пасоши за британските туристи
Велика Британија воведува пасоши за вакцинација и ги спасува летните одмори за Британците жедни за сонце, владата развива шема така што вакцинираните против Ковид-19 можат да одат на одмор, пишуваат медиумите на Островот.
Сите владини агенции велат дека работат на опции за патување во странство, односно за земји каде што може да биде побаран таков документ како услов за влез.
Британските туристи ќе бидат пречекани во Грција од мај, под услов да можат да покажат дека биле вакцинирани. Официјални лица од Министерството за надворешни работи, Министерството за транспорт и Министерството за здравство и социјална работа работат на проектот, наведуваат британските медиуми.
Владини службеници, му соопштиле на грчкото Министерство за туризам дека британската програма за вакцини е доволно напредна, така што летувалците „ќе ја спасат нивната доходовна летна сезона“. Повеќе од 10 милиони луѓе во Велика Британија веќе ја примија својата прва вакцина против коронавирусот, како дел од најголемата програма за инокулација што ја започна земјата.
Се проценува дека на многу земји ќе им биде потребен пасош за вакцинација за да обезбедат безбедно патување.
На британските граѓани сега им е дозволено да летаат кон Грција, но со негативен тестза Ковид-19 не постар од 72 чса пред пристигнување. При пристигнување се бара брз тест и ако имаат негативен тест се самоизолираат седум денови.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228