Велика Британија соопшти за првиот случај на заразен човек со новата форма на Х1Н2 и бара контакти

Британските здравствени власти денеска соопштија дека во Велика Британија е откриен првиот случај на заразен човек со вирусот Х1Н2, а станува збор за нов облик.
Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА) истакна дека ги следи контактите блиски до заразениот, со цел да се спречи натамошното ширење на вирусот, објави „Гардијан“.
Весникот забележува дека во оваа фаза не е познато колку вирусот е пренослив или дали ќе доведе до други случаи, но наведува дека овој случај не е генетски поврзан со претходниот вирус.
Агенцијата официјално ја извести за тоа Светската здравствена организација, додавајќи дека вирусот е сличен на тие кои циркулираат кај свињите во Велика Британија.
Заразената, која не е идентификувана, имала лесна болест и закрепнала откако била хоспитализирана, но не се знае дали била во контакт со свињи, посочува „Гардијан“. Не е познато како дошло до заразата, а истрагата се уште е во тек.
Британските медиуми забележуваат дека на сите контакти ќе им биде понудено тестирање по потреба и советување за можна понатамошна нега доколку имаат симптоми или позитивен тест. Агенцијата, исто така, презема чекори за да го зголеми надзорот во рамките на постоечките шеми на здравствениот систем, кои вклучуваат ординации по општа пракса и болници во Северен Јоркшир
Ново на Сител
-

Без вода утре корисници спроти „Соборниот храм“ во Скопје
-

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
