Велика Британија сега е глобален шампион во тестирање

Велика Британија го зголеми капацитетот за дијагностичко тестирање во текот на изминатите шест недели со „неверојатна“ брзина и сега е „глобален шампион“, изјави денеска британскиот министер за здравство, Мет Хенкок.
Тој ги охрабри сите кои имаат симптоми – постојана кашлица, треска или губење на мирис или вкус – да се пријават за тестирање. На тој начин, вирусот ќе има „помалку простор за криење“, рече Хенкок.
Тој додаде дека приоритет и понатаму ќе имаат болничките пациенти, жителите на домовите за стари лица, здравствените работници и персоналот за нега.
Според Би-Би-Си, Владата е критикувана дека го прекинала масовното тестирање кон средината на март и, иако достигна цел од 100.000 тестови на ден кон крајот на април, оттогаш не била секогаш во можност да спроведе толку тестови.
Ново на Сител
-

Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција
-

УХМР: Променливо време со дожд, грмежи и силен ветер во наредните денови
-

Заразени патници од смртоносниот хантавирус на крузер пристигнуваат во Европа
-

Започна „Генералка викенд“: Илјадници волонтери чистат низ цела Македонија
-

Почина новинарката на МИА Ирена Радовановиќ
-

Поради повисоките трошоци, сè повеќе сопственици на возила го одложуваат сервисот за поправки
-

Обединетите Арапски Емирати соопштија дека утрово пресретнале ирански ракети и дронови
-

Рубио најави нови санкции против Куба и кубанскиот воено-индустриски сектор
