-->
-->
Велика Британија работи на нов 20-минутен тест за Ковид-19
-->
Министерството за здравство на Велика Британија го објави почетокот на истражувањето на новиот тест за Ковид-19, со кој ќе бидат потребни само 20 минути за да се добијат резултати.
Пробите на новиот тест, кој открива дали луѓето го имаат вирусот или не, започнаа во Хемпшир.
Министерството соопшти дека новиот метод на тестирање „се покажа дека е ефикасен во клинички услови“.
Тестот ќе биде испробан во оддели за итни случаи, а пробниот план ќе опфати околу 4.000 лица и ќе трае до шест недели.
Успехот на новиот тест ќе ги поддржи плановите на Владата на Велика Британија за справување со предвидениот втор бран на инфекција со коронавирус во земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
