Свет
28. March 2022 - 9:17

Велика Британија ја засилува борбената група на НАТО во Естонија

Британските воени бродови „Нортамберленд” и „Ричмонд” доставија воени возила и опрема во Естонија, каде се наоѓа борбената група на НАТО, предводена од Велика Британија.

Според вчерашното соопштение на британското Министерство за одбрана, фрегати на Кралската морнарица и извидувачкиот авион П-8А „Посејдон”, попознат како ловец на подморниц, исто така, учествувале во воените вежби во Балтичко Море со силите на Данска, Шведска, Естонија, Летонија и Литванија.

-Активностите како овие во Балтичкото Море се рутинска активност за нас и нашите партнери, во една од најважните географски области од наш интерес, изјави генералот Џим Морис, командант на штабот на Постојаните заеднички сили (SJFHQ) што ги раководи и Здружените експедициски сили (JEF).

Според Морис, „ова е најважниот момент досега за да се обезбеди слободна пловидба во Балтичкото Море”.

Обединетото Кралство во февруари веќе испрати дополнителни тенкови и оклопни возила во Естонија, а исто така го удвои својот контингент таму на 1.800 војници, наведува Тасс.