Велика Британија и Франција ја зајакнуваат соработката во борбата против мрежите за трговија со луѓе

Министрите за внатрешни работи на Велика Британија и Франција, Тереза Меј и Бернар Казнов потпишаа спогодба за зајакнување на полициската соработка за разбивање на мрежите на трговци со луѓе.
Спогодбата ќе ја зајакне соработката не само меѓу полициските служби, но и меѓу раузнавачките агенции на двете земји. Ќе се зголеми и судската соработка во областа на борбата против мрежите за трговци со луѓе и незаконската имиграција, појасни Казнов по вчерашната вечера со Меј.
- Треба да ја разбиеме таа мрежа на трговци од едната и од другата страна на Ламанш, нагласи тој и додаде дека 26 од нив веќе се разбиени во францускиот град Кале од почетокот на годината.
Кон крајот на август британското Министерство за внатрешни работи соопшти дека британската полиција ќе биде распоредена во францускиот град Кале во команден центар, за да им помогне на француските колеги во борбата против мрежите за трговија.
Од 25 октомври ниту еден мигранти не преминал од Франција кон Велика Британија, соопштија британските власти.
Истовремено мигрантите, кои се сместени во бегалскиот камп во Кале, наречен Џунглата, доброволно го напуштаат и властите за нив организираат колективни патувања. Во Џунлгата во мошне лоши услови живеат шест илјади мигранти.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
