Велика Британија добива нов премиер
Во Велика Британија денеска ќе биде објавен резултатот од гласањето на членовите на Конзервативната партија за нов партиски лидер. Исто така ќе биде познато дали поранешната министерка за надворешни работи Лиз Трас или поранешниот министер за финансии Риши Сунак ќе го замени Борис Џонсон на премиерската функција.
По три месеци кампања околу 200.000 членови на Конзервативната партија по пошта гласаа за наследник на Џонсон, кој на 7 јули беше принуден да поднесе оставка по неколку месечните скандали. Според анкетите фаворит за лидерското место во партијата и за премиерската функција е Трас.
Во 12 часот и 30 минути по локално време денеска ќе бидат објавени резултатите од гласањето за нов лидер на Конзервативната партија. Британската кралица Елизабета Втора утре во замокот Балморал во Шкотска ќе го прими и ќе го именува новиот лидер на ториевците за премиер на Велика Британија. Претходно Џонсон ќе се обрати од „Даунинг стрит 10“, а потоа ќе отпатува за Шкотска да ја поднесе оставката до кралицата. Потоа новиот лидер на Конзервативна партија ќе се сретне со кралицата, која ќе побара да состави нова влада.
Новиот лидер на ториевците ќе се врати во Лондон и ќе се обрати од „Даунинг стрит 10“ и ќе ги објави имињата на министрите во новата британска влада. Првата седница на новата британската влада ќе се одржи на 7 септември. За време на владеењето на кралицата Елизабета Втора сменети се 14 премиери.
Ново на Сител
-
Лов на забранети животни – Каква казна предвидува законот за отстрел на мечки?
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски заменик мин. за социјална политика демографија и млади
-
ГЕРБ иницира продолжување на преговорите за влада - Желјазков останува предлогот за премиер
-
Скопје утрово втор најзагаден град во светот – Ќе преземат ли советниците чекори за решавање на проблемот?
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат