Велигденски приказни: Велигден - обичаи и верувања
Смедиа - Белград
Велигден е најголем христијански празник, ден на Христовото воскресение. Дознајте повеќе за обичаите и верувањата кои се поврзуваат за овој празник. Кај верниците, кои Велигден го слават по Јулијанскиот календар, Велигден се нарекува и Воскресение.
Денес се почесто во Србија овој празник се нарекува Воскресение. Кај другите словенски народи постојат различни имиња на овој празник. Кај Русите – Паша, Паска, што доаѓа од еврејскиот песах т.е. премин. Кај Белорусите – Вјаликзент, кај Украинците Великдент, кај Пољаците Великаноц, Чесите – Великоноце, кај Словенците – Велика ноч (во Бела Крајина вузем, на Крас - Вазам), кај Бугарите и Македонците како и во народните говори на источна Србија – Велигден.
Неделата во која се паѓа Велигден се нарекува Велика или Страшна недела. Името страшна доаѓа од старословенскиот страст во значење на страдање, тага. Во текот на Воскресната недела царската врата на олтарот во православните храмови, северната и јужната, не се затвораат. Во Русија, секој можел на Велигден да пријде до ѕвоното и да ѕвони. Звукот на ѕвоната го симболизира гласот Божји. Се сметало дека додека се слуша ударот на ѕвоната до тогаш е и границата до која може да дојде секое зло насочено на луѓето.
Велигден е мобилен празник. Според одлуката на Првиот севселенски собор во Никеа, во 325 година се одбележува секоја година во првата недела по пролетната рамнодневница, во време на полна Месечина и со забрана да не се совпадне со празнувањето на еврејската Пасха. Тој може најрано да падне на 4 април пред Благовестие, а најдоцна на 8 мај, по Ѓурѓовден. На Шестиот севселенски собор во 630 година, одредено е постот да се прекине во полноќ меѓу Големата сабора и Велигден, кога и во секоја христијанска црква се објавува веста дека Христос воскреснал. Дел од христијанските православни цркви, меѓу нив српската и руската, датумот за одбележување на Велигден го сметаат по јулијанскиот календар, како што е одредено со одлуката на Никејскиот собор. Останатите христијански цркви, католиците, протестантите, дел од православните цркви, итн., Велигден го одбележуваат по грегоријанскиот календар.
Што се однесува до самиот празник Велигден, не се поврзани многу обичаи за него, како што се поврзани за Божик или Ѓурѓовден, пред се бидејќи тоа е подвижен празник. Втората причина е од идејна природа. По своја прилика Словените пред покрстувањето немале поими за рај и пекол. На секого му било гарантирано одење на неговата душа на тој свет и присоединување со душите на своите предци. Постоело и еден вид единство на живите и неживите предци, со строго контролиран и регламентиран начин на меѓусебно општење. Живите, во одредено време од годината, оддавале почит на своите предци, а тие за возврат се грижеле за нивната благосостојба, продолжување на родот, родноста на нивите и стоката и заштита од болести.
На тој свет не можеле да одат само душите на покојниците кои додека биле живи прекршувале важни обичајни норми, или ако семејството не ги погреба на соодветен начин. Се сметало дека душите на таквите покојници талкаат ноќе од своето мртво тело до својот претходен дом, плашејќи ги луѓето и правејќи им пакости. За Словените божјата сила можела да биде и добра и зла, бидејќи управувала со стихии, молњи, оган, вода, ветер. Затоа полесно е прифатен култот на светиот воин Георгија (Ѓурѓа), кој можел да го истера секое зло од стоката, св. Илија бидејќи можел да заштити од громови, св. Никола како старец со бела брада, кој управува со преминот на душите преку морето на тој свет (кого на некои места во Русија го прифатиле за сам Господ), отколку во верба во спасение преку синот Божји Христос.
Што се однесува до традициите и обичаите, неизоставен дел е вапцањето на јајца.
Како се вапцаат јајца?
Обичај е јајца во боја да се вапцаат на Велики петок. Јајцата ги вапца домаќинката во домот. Домаќинката прво се прекрстува и помолува на Бога, потоа во сад со вода во кој ќе ги вари и вапца јајцата, додава малку осветена водичка, која е осветена во текот на Велигденскиот пост. Прво се вапцаат црвени јајца. Првото јајце кое ќе се спушти во водата и ќе се вапца се остава на страна до идниот Велигден и се вика чуваркуќа. Порано било обичај јајцата да се вапцаат во црвена и сина боја. Црвената боја се добивала со варење во листови од кромид или броч, а синозелената боја се добивала со варење на јајцата во зелје. Црвената боја ја означува Христовата божествена, а сината човековата природа.
И затоа најчесто јајцата се вапцаат во тие две бои. Јајцата инаку означуваат нешто од што настанува нов живот. На иконите на Христос до своето тело има црвена ткаенина, а преку ноќ син плашт. Богородица има сина ткаенина, а наметка во црвена боја. Тоа ја симболизира Богородица како човечко битие со божествена наметка, а Христос како божествено битие со човечка наметка.
Вапцањето на јајцата се врши во спомен на настанот кога света Марија Магдалена Мироносица (тоа е девојката која со Пресвета Богородица постојано била покрај Христос, во текот на неговото голготско страдање и на која Христос и се јавил по неговото воскреснување), патувала во Рим да проповеда Евангелие и го посетила царот Тибериј. Тогаш во знак на внимание, како новогодишен подарок, му донела црвено јајце и го поздравила со зборовите. Христос Воскресе. Уште еден обичај поврзан за Велики петок е и отсуството на секое радување. Имено, верниците на тој ден не слушаат музика, не се предаваат на останати радосни содржини, не се веселат, бидејќи Велики петок е најтажен христијански празник (тогаш е распнат Исус Христос).
Како што веќе е наведено, Велигден секогаш паѓа во недела. Што се однесува до обичаите за Велигден, може да се каже дека варираат од крај до крај на земјите, како што е случај и со обичаите поврзани за други празници.
Необични Велигденски обичаи во светот.
Некои од обичаите се:
• За Велигден треба да се стане рано наутро, а не се оди на спиење пред полноќ. Ако се отиде на спиење пред полноќ, тоа би значело дека до следниот Велигден лицето ќе биде поспано и нема да му се работи;
• Наутро треба да се измиеме со вода во која е потопен дрен, здравец, босилек и црвено Велигденско јајце;
• Децата треба да се допрат со црвено јајце, да бидат црвени и здрави во текот на годината;
• Прво се омрсуваме со Велигденско јајце;
• На Велигден рано наутро луѓето оделе во црква на утринска миса; во Русија било обичај ако некој се успие и не дојде на миса во црква, одат по него, го полеваат со вода, или го фрлаат во река. Во 17 век, Синодот на Руската црква со посебен указ го забрани спроведувањето на овој обичај, кој доведувал и до смртни случаи кај луѓето. По ручекот луѓето се собирале кај Црквата, а ако во селото немало црква, под свето дрво;
• Во некои села на јужен Банат, Бачка и Срем, по улиците каде поминувала Литијата палеле оган, или свеќи во прозорците. Оган за Велигден обавезно палеле католиците;
• Ако Велигден се падне пред Ѓурѓовден, не се јадело јагнешко месо;
• За Велигден се меси посебен леб. Во источна Србија и некои делови на Војводина се печат лепињи со цело јајце внатре, кои меѓусебно се разменуваат со пријателите;
• На ден Велигден се кријат јајцата и колачите низ дворот и куќата, па децата ги бараат скриените дарови;
• На вториот ден на Велигден, кој се вика Побусани понеделник, се оди на гробишта и на секој гроб се остава по едно црвено јајце, починатите да уживаат во воскресението на Исус Христос. Овој ден се нарекува и Воден понеделник, бидејќи тогаш момчињата и младите луѓе ги полеваат со вода девојките и младите жени. На овој понеделник треба да се остави скршено велигденско јајце во нивата, за таа да биде плодна. А се дава и велигденско јајце на стоката да го изеде, да биде здрава цела година. На ден Велигден се кршиме со јајца. Јајцата прво се кршат врв со врв, а потоа од обратната страна. Тој кој ќе скрши туѓо јајце го зема за себе. Инаку, во Банат велигденските јајца не се давани на овчарите, свињарите, за да не боледува стоката во текот на годината.
Како што гледате, обичаите и верувањата се разни. Но, во тоа е и убавината на културите и традициите...
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица