Велешката полиција фати крадец на пари и златни предмети кои ги заложил

Велешката полиција фати крадец на пари и златни предмети кои ги заложил, а притворен е и сопственикот кај кој ги заложил.
Полициски службеници од СВР Велес синоќа, во периодот од 23:20 до 00:10 часот, ги лишиле од слобода 22 годишниот А.Д. и 48 годишниот А.С. двајцата од Велес. Како што информираат денеска од СВР Велес, А.Д. се сомничи дека со употреба на сила и подесен алат влегол во домот на 54-годишната С.Х. од Велес и одзел пари и златен накит, а потоа златните предмети ги заложил кај А.С..
Дел од предметите биле пронајдени и одземени од А.С. и вратени на сопственикот, а тој бил задржан во полициска станица. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против А.Д. и А.С. ќе бидат поднесени соодветни пријави, најавија од СВР Велес.
МИА
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
