Велешанецот кој почина во средата бил позитивен на корона вирус

Велешанецот кој почина ноќта меѓу 31 март и први април бил позитивен на коронавирус, кажаа од семејството на починатиот, кое за тоа било претпладневно информирано од Центарот за Јавно здравје Велес по постхумниот тест. Семејството сега бара да биде тестирано за коронавирус.
Ова е деветти случај на заразен со коронавирус во Велес. До вчера, во земјава има 430 заболени, од кои 20 излечени и 12 починати.
Случајот со смртта на ова лице беше актуелизиран од семејството, кое реагираше што не добивало можност лицето да биде тестирано, дека не бил хоспитализиран иако бил во лоша состојба, и што службата за итна помош во прв момент одбивала да го пренесе до болница. За сите овие наводи, министерот за здравство Венко Филипче најави дека работи Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
На прашањето дали починатиот и заразен со коронавирус имал контакти со некој од досега осумте заразени од Велес, семејството вели дека не можат да кажат, бидејќи не можеле никого да посочат како можен преносител. Починатиот боледувал од хронични болести. Неговото тело по барање на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес беше на обдукција.
Ново на Сител
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
-

Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
