Македонија
4. јуни 2021 - 11:38

Велешанец со трактор изгубил контрола и удрил во ѕид, сопатникот тешко повреден

На 03.06.2021 околу 10.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосницата од  ул.„Браќа Кошулчеви” и ул.„Кирил и Методиј” во Велес, З.П. (63) од Велес управувајќи  трактор „имт” со приколка со велешки регистарски ознаки  изгубил контрола и удрил во ѕид.

Во незгодата, сопатникот Г.Ц.(59) од Велес се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес.  Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.