-->
-->
Велешанец ограбен среде Скопје, разбојници му се заканиле со пиштол
-->
Вчера вечер околу 20.45 часот во Скопје на ул. „Душко Поповиќ“ две непознати маскирани лица, вооружени со пиштол, извршиле разбојништво над Ј.Ф. (24) од с.Горно Јаболчиште, велешко.
Сторителите му пришле од позади грб и упатувајќи му разни навредливи зборови му побарале пари, по што Ј.Ф. од извадил околу 6.600 денари и му ги дал на едно од лицата.
Во тој момент еден од сторителите со пиштолот го удрил во пределот на десното око, нанесувајќи му видлива повреда.
Од ударот Ј.Ф. паднал на земја, а сторителите побегнале во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи
-
Нема нови случаи со шуга во училиштето во кумановско - ИЈЗ бележи зголемен број заболени од ова заразно заболување
-
Пулмологија преполна – грипот предизвика сериозни компликации кај хронични пациенти
-
„Градски превоз“ за почеток ќе користи стари реконструирани возови - инфраструктурата може да се користи
-
Владата одлучи за разрешување на државниот обвинител Коцевски