Велес: Поради два ученика позитивни на Ковид-19 две паралелки од гимназија во изолација
Поради два ученика позитивни на Ковид-19 во велешката гимназија „Кочо Рацин“ во изолација се ставени учениците од две паралелки. Од изолација се изоставени учениците кои биле вакцинирани, информира на денеска градоначалникот Аце Коцевски.
Во ССОУ „Коле Неделковски“ позитивен на коронавирусот е еден ученик, а поради изведување на градежни работи во училиштето наставата во првите три дена беше на отворено. Позитивна на коронавирусот е и една директорка на средно велешко училиште. Во едно општинско училиште во велешките села инфицирани се директорот и педагогот.
Во ООУ „Кирил и Методиј“ во Велес во изолација се две деца, од ООУ „Васил Главинов“ позитивен е еден наставник и три ученика, а четири се во изолација.
Во ООУ „Блаже Конески“ еден наставник е во изолација, три ученика се позитивни и четири се во изолација.
Позитивен на коронавирусот е и психолог во едно основно училиште во велешко село.
Во детските градинки „Димче Мирчев“ позитивно е едно лице од техничкиот персонал.
Во ООУ„Панко Брашнаров“ нема, а нема ни во и во ООУ„Лирија“ во Бузалково. Во средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“ нема.
На новинарско прашање на МИА како ќе се постапува за смирување на состојбите со Ковид-19 во училиштата, градоначалникот појасни дека ќе се постапува строго според протоколот кој е усвоен од Комисијата за заштита од заразни болести.
– Доколку е нужно ќе одат во изолација ученици или одделенија, меѓутоа во принцип ставот е дека се додека тоа можно и безбедно наставата да се одвива во живо, појасни Коцевски.
Ново на Сител
-
Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми
-
Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп
-
Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција
-
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска
-
Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад на неговата ќерка
-
Фон дер Лајен: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи со спроведување на реформите и почитување на Преспанскиот договор
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски