Велебрдо едно од најголемите села во Река без ниту едно прваче
Во долнореканското село Велебрдо, едно од најголемите во општина Маврово и Ростуше за новата учебна година не е запишано ниту едно прваче. Истата судбина ја дели и селото Јанче.
Ова за МИА го изјави Илбер Имероски одговорен во секторот за образование во општината.
-За учебната 2019/2020 година во четирите деветолетки и нивнте подрачни учлишта, запишани 57 првачиња, што е речиси на нсто ниво како и минатата учебна година. Но, за прват нема првачња во подрачните училишта во споменатите две села, вели Имероски.
Од вкупниот број најмногу првачиња или 31 има во ООУ„Блаже Конески“ во село Скудриње, од кои 17 во училиштето во ова село, 10 во подрачното училишта во селата Присојница и четири во Аџиевци.
Во ООУ „Ѓорѓи Пулески“ во Ростуше запишани се вкупно 15 првачиња, од нив 12 во училиштето во Ростуше и три во подрачното училиште во Требиште.
-Во склоп на ООУ„Јосип Броз-Тито“ во Жировница, во кое функцонираат и две подрачнi училишта запишани се осум првачиња, од нив во Жировница четири, каде наставата се изведува на македонски наставен јазик, како и во селото Врбјани и во Сенце четири на албански наставен јазик, додава Имероски.
Во ООУ„Денче Дејаноски“,во Маврови Анови запишани се три првачиња, едно во училиштето во Маврово и по едно во двете подрачни училишта.
Намалувањето на бројот на првачињата, но и на учениците во целина во оваа општина е поради масовната миграција на жителите, пред се во западно европските земји, а дел и во Гостивар и Скопје.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата