Веле Петрушевски сведочеше во Кривичен за случувањата од 27 април: Заедно ручавме со Нинџа
Сведокот Веле Петрушевски, предложен од одбраната на обвинетиот Александар Василевски – Нинџа, денеска пред судот рече дека на 27 април минатата година ручал во гостилницата „Дион“ заедно со обвинетиот и потоа го однел во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.
– На 27 април бев со ќерка ми во ТЦ „Сити мол“. Му се јавив на Александар Василевски-Нинџа, кој ми е кум, да се видиме да чести ручек. Ми рече може да дојдеш во „Дион“. Се најдовме и потоа ме замоли да го однесам со автомобил до штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Го однесов таму. Тој мислам дека влезе на трети кат, а јас останав долу во бифето за да го почекам. Не знам колку беше часот, но на телевизорите видов дека се случува упад во Собранието. Потоа ми се јави дека се симнува да си одеме. Кога се симна го видов и поранешниот директор на УБК, со капче мислам. Ми рече Нинџа да отидеме пеш преку Тиумфалната капија да видиме што се случува. Кај „Жена парк“ дојде Никола Бошковски со сив „голф 5“ и нешто се тргнаа. Јас почекав 15 минути и си заминав по автомобилот и тргнав дома. Не знам колку беше часот, рече сведокот.
На прашање од обвинетиот Нинџа, да посочи некој од судницата што на 27 април минатата година бил во „Дион“, сведокот рече Кољо, Митре и други на кои не може да се сети сега.
На прашање од Судот колку добро се познавал обвинетиот Нинџа со Владимир Атанасовски, одговори дека добро се познаваат и контактираат и додаде оти тој не присуствувал на некоја нивна средба.
Прашан дали Нинџа му кажал нешто за 27 април, сведокот Петрушевски рече – „Не, ништо никогаш зошто јас сум малку спротивно од тоа“.
Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.
Во судница се присутни сите обвинети, меѓу кои има пратеници, уметници, луѓе од собраниското обезбедување, вработени во МВР и граѓани.
Ново на Сител
-

Пет земји од ЕУ предлагаат привремено ограничување на правото на глас за идните земји членки
-

Ристовски: Фудбалскиот камп на AC Milan во Скопје е ретка можност за нашите млади спортисти да учат од европските гиганти
-

Во полициска акција во БиХ уапсени 13 лица, запленети оружје и експлозив
-

МВР: Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“
-

Вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица уапсени
-

Ученичка извршила напад со нож во училиште во Манчестер, повредени три лица
-

Стефан Богоев излегува од притвор, судот ја прифати гаранција од 55 илјади евра
-

Груевски: Ретко демантирам, но никогаш не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко
