Македонија
16. September 2017 - 17:36

Вековитото дрво на плоштадот кај чинарот во Охрид станува споменик на природата

Вековитото дрво на плоштадот кај чинарот во Охрид станува споменик на природата.Согласно  елаборатот за валоризација единаесет века стариот чинар ќе биде ревитализиран и соодветно заштитен .Ќе се испитува она што е направено претходно како заштита, ќе се изврши подготовка на нова подлога и стабилизација на крошната за што од општинскиот буџет треба да бидат обезбедени околу 15000 евра годишно.

Чинарот кое е едно од најатрактивните места од страна на граѓаните и туристите претствува културно и природно богатство во главниот туристички центар.

Инаку во иднина се предвидува да се уреди и просторот околу култниот чинар а слична постапка ќе има и за уште неколку стари дрва во Охрид како и на познатиот кочеџик кај црквата Света Богородица Перивлепта.