Веќе 20 години плаче кристали, лекарите немаат објаснување

На Лаура од Бразил и се создаваат бели наслаги во очите, кои после извесно време се кристализираат. Во еден ден умее да “исфрли“ и по 30!
Лаура Понце (35), учителка во градинка од Линса во Бразил, боледува од ретко нарушување и плаче “кристали“. Во очите и се создаваат бели дамки кои и се стврднуваат кога очите и треперат, па на крајот се претвораат во кристали. И така се собираат со недели, а нови се создаваат кога старите ќе успее да ги отстрани од очите.
еколку пати морала да замине на боледување. Еднаш во само еден ден лекарите и отстраниле 30 наслаги од окото.
„Кога ќе се стврднат наслагите чувствувам силна болка – изјавува Лаура. Додава дека наслагите во очите почнале да и се создаваат кога наполнила 15 години. Очите одеднаш почнале да се полнат со “непозната бела материја“. Веднаш ја повикала своја мајка Мариса. Се обидувала од натеченото око да и ја извади наслагата, која се зголемувала.
„Ја извадивме и потоа отидовме во болница. Лекарите не можеа да ми објаснат од што боледувам“ – додава Лаура.
Лекарите за неа се уште немаат пронајдено лек.
„Наслагите во очите му се создаваат на секои неколку месеци. Посетив бројни лекари и никој немаше одговор“ – изјави Лаура. Фрустрирана е што често не може да работи.
„Пред две години и шест месеци, секој ден од окото отстранував околу 30 мембрани“ – додава Лаура.
Лекарите признаваат дека ваков случај не постои во медицинската литература, но изјавуваат дека даваат се од себе за да и помогнат на оваа несреќна жена.
Засега единствен лек се посебни капки за очи кои малку ги ублажуваат теговите.
Ново на Сител
-

Вардар предложи јужната трибина да го добие името Васил Рингов
-

Реакција на ЗНАМ
-

Трамп изјави дека имал „многу продуктивен“ телефонски разговор со Путин пред средбата со Зеленски
-

Граничниот премин Евзони од пладне затворен за сообраќај
-

Трамп и Зеленски по средбата ќе имаат телефонски разговор со европските лидери, соопшти портпаролот на украинскиот претседател
-

Прегазен 31-годишен пешак во Скопје
-

Косовски државјанин се судрил со контејнери, семафор и повеќе автомобили, па продолжил да вози
-

Три возила се судриле на патот Охрид-Кичево, еден од возачите приведен
