-->
-->
Вее снег низ Македонија - внимавајте ако патувате
-->
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а слаб снег провејува на Попова Шапка и Маврово, на патните правци Крива Паланка-ГП Деве Баир и Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, информираат од АМСМ.Во извештајот од 18 часот на АМСМ информираат дека останува забраната за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово-Дебар и Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража.
Виадукт Трејд известуваат дека денеска и утре ќе се започне со изведување на градежни активности на Експресен пат А3, делница Велес-Кадрифаково (во близина на раскрсница Овче Поле) за што ќе се изврши промена на режимиот на работа на сообраќај согласно Одобрението за времен режим на сообраќај и согласно Основен сообраќаен проект за режимот на сообраќај за време на поставување на индукативни јамки на дел од државни патишта на територија на Република Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, се наведува во соопштението од АМСМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Активен пожар во село Грешница во Македонски Брод
-

Трамп изјави дека според него војната со Иран ќе заврши „многу наскоро“
-

Најмалку двајца загинати и 13 повредени во експлозија крај Дамаск
-

Американски суд ѝ наложи на „Мета“ да плати 567 милиони долари за штети нанесени на младите
-

Сончево и многу топло, попладне услови за локален пороен дожд и ретки грмежи
-

Зголемен интензитетот на сообраќај, нема подолги задржувања на премините за влез и излез од државата
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
