Македонија
12. July 2018 - 16:35

Вечерва во Прилеп започнува 16. Пиво Фест

Пивото веќе се лади, а скарите се разгорени. Прилеп е подготвен за една од најголемите забави во Македонија, вечерва започнува 16-тиот по ред Пиво Фест кој ќе трае се до 15 јули. За овие 4 фестивалски денови се очекува сите патишта од Македониија да водат за Прилеп. Вечерва фестиивалот го отвораат Дани, Бени Тони Зен и Кирил Џајковски.

„Прилеп е отворен за цел Балкан од денеска па се до недела, пред нас се 4 одлични дена, многу музиика, многу луда забава“, вели Дарко Манасиевски, агенција Ентфинити.

„Сите заедно да се дружиме, да се забавуваме, со вкусната скара, ладното пиво, но се по мерка“, кажа Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Во петок забавата продолжува со Дарио, Ван Гог, Црвена Јабука и и грчкиот ДЈ Mossel. Во саботата ќе настапат Фортисимо Бенд, Некст Тајм, Џенан Лонџаревиќ и Жељко Јоксимовиќ. Во неделата Александра Јанева, Либеро бенд, Милица Тодоровиќ, а фестивалот ќе го затвори Шабан Шаулиќ.

„Се е подготвено за годинешното издание, има одлична програма за сечиј вкус. И годинава ќе рушиме рекорди и во пиење и во јадење, но со усул“, рече Ненад Георгиевски, водител.

„Очекуваме да има нормално добра забава, на луѓето ќе им порачаме да си дојдат со убаво расположение, да бидат подготвени за добра забава“, вели Јана Серафимова, водител.

Угостителите очекуваат гости од цела Македонија, одлиична забава ии се разбира голем профит.

„Очекуваме добра, забава, одлична атмосфера, гости од цела Македонија, а ние ќе им понудиме и ладно пиво и надалеку позната прилепска скара“, велат угостителите.

Хотелите и приватното сместување се скоро исполнети, а на Паркот на Револуцијата ќе се организиира и бесплатен кампинг простор.