Loading Video...
Фудбал
16. April 2019 - 15:41

Вечерва ќе ги дознаеме првите полуфиналисти во Лигата на шампионите

Вечерва ќе ги дознаеме првите два тима кои ќе обезбедат место во полуфиналето на фудбалската Лига на шампиони.  Во Торино и Барселона вечерва ќе се одиграат реванш дуелите од четвртфиналето во ЛШ.  Домаќините на овие натпревари ќе стартуваат со минимална предност остварена на првите средби. 
 
Јувентус кој на гостувањето во Амстердам со Ајакс одигра 1-1, важи за фаворит, но тоа италијанскиот првак ќе мора да го потврди на теренот. 
 
Од друга страна, тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг смета дека неговите фудбалери имаат сила да направат нова сензација, потсетувајќи на осминафиналето во кое холандскиот тим го елиминира Реал иако првиот дуел во Амстердам, сеуште актуелниот шампион го доби со 2-1, но во реваншот во Мадрид, Ајакс славеше со 4-1.
 
И Барселона ќе биде во слична ситуација, додуша за нијанса подобра, бидејќи на дуелот на „Камп Ноу“ шпанскиот првак ќе влезе со предност од 1-0 против Манчестер Јунајтед. 
 
Но. И стратегот на Каталонците, Ернесто Валверде предупредува дека работата е далеку од завршена, напротив Варверде потсетува дека „црвените ѓаволи“ во претходната рунда загубија на „Олд Трафорд“ од ПСЖ со 2-0, но во реваншот славеа со 3-1 со што го елиминираа големиот фаворит. 
 
Двата натпревари ќе започнат од 21 часот, термин во кој утревечер своите реванш четвртфинални дуели ќе ги одиграат Манчестер Сити – Тотенхем (0-1 по првиот натпревар) и Порто – Ливерпул (0-2).