-->
-->
Вечер завршува „Пивофест“ во Прилеп
-->
Денеска е последниот ден од 14. издание на големата летна манифестција „Пивофест“ во Прилеп.
Организаторите, локалната самоуправа и невладината организација Центар за граѓански иницијативи денеска очекуваат рекорден број посетители, иако синоќа бројот на посетители ги надминал очекувањата. На големата бина настапија Миле Кузманоски, Рада Манојлович и балканската фолк ѕвезда Аца Лукас.
- Синоќа бевме пријатно изненадени од околу 100.000 посетители од цела Македонија, од Балканот, а имаше гости и од прекуокеанските земји. Во градот влегоа и пореку 20.000 возила. Ниту дождовите последните два дена не го нарушија текот на манифестацијата, вели градоначалникот Марјан Ристески.
Ристески претпладнето ги посети камперите во паркот на револуцијата кои традиционално организаторите ги почестуваат со кафе, чај и чорба секој фестивалски ден. Кампери има од неколку градови кои, како што велат, сакаат на поинаков, авантуристички начин да ја доживеат атмосферата на манифестацијата.
Вечер на завршницата од Фестивалот се очекува уште поголема посетеност на гости. На големата бина ќе настапи групата „Парни ваљак“. И годинава оргнизаторите очекуваат вкупно, во четирите фестивалски дена да има околу 300.000 посетители.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие