Вебер: ЕУ да ги прекине преговорите со Турција
Европска Унија е должна да ги прекине преговорите за членство со Турција, изјави лидерот на најголемата партија во Европски парламент, Европска народна партија (ЕПП), Манфред Вебер.
Тој истакна дека преговорите со Турција се историска грешка.
– Преговорите за членство на Турција се покажаа како историска грешка, што во Турција предизвикува незадоволство и не ја доближи земјата до ЕУ. Должни сме да ги прекинеме преговорите на Турција со ЕУ и да разработиме нова правна основа за нашите односи со таа земја, истакна Вебер пред ЕП.
Анкара аплицираше за членство во ЕУ во 1987 година, а кандидатски статус доби во 1999 година. Европскиот совет во декември 2004 година оцени дека Турција ги исполнува критериумите за отпочнување на преговори, а истите почнаа во октомври 2005 година.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба