Македонија
20. јуни 2020 - 10:47

ВАЖНО: Лажна наградна игра од лажна Facebook страна на Сител Телевизија

Во текот на вчерашниот ден се појави Facebook страна која го злоупотребува името на Сител Телевизија и организира лажна наградна игра.
 
Ја информираме јавноста дека наградната игра објавена на Facebook страната „Sitel TV MKD“ не е во организација на Сител Телевизија.
 
Со оглед на тоа дека е злоупотребено името на Сител Телевизија, телевизијата го пријави случајот во Министерството за внатрешни работи.
 
Сител Телевизија се оградува од сите лажни страници и профили на социјалните мрежи кои неовластено го користат нејзиното име. Доколу сакате редовно да се информирате за сите новости и вести, Ве упатуваме да ги следите официјалните страници на Сител Телевизија на следните социјални мрежи: