Ваучери за такси превоз ќе даваат кафаните низ Скопје на пијани гости
Ваучери за такси превоз ќе даваат кафаните низ Скопје на пијани гости, објави СДК.мк
Град Скопје, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Авто-мото сојузот на Македонија и 30 ресторани во Скопје почнуваат кампања „Ги возиме одговорните“ со која ќе ги мотивираат возачите да не возат пијани. Гостите во кафаните со нарачување на такси на онлајн апликацијата ќе добијат ваучери од 100 денари.
„Загрижуваат бројките на пијани возачи во Скопје. Пред некој викенд дури 500 возачи беа фатени како возат под дејство на алкохол. Со вакви бројки не е воопшто чудно што сме на дното на листите за безбедност на улиците во европски рамки. Целта на оваа кампања е да ја зголемиме свеста кај граѓаните да возат одговорно, да избегнуваат да возат под дејство на алкохол како не би со загрозиле ниту својот ниту животот на другите учесници во сообраќајот. Граѓаните на Скопје мора да заборават на своите автомобили кога консумираат алкохол. Јавниот превоз работи до доцна во ноќта, такси цените се релативно евтини во споредба со други градови, а сега нудиме и можност за бесплатно такси“, изјави градоначалникот Петре Шилегов.
Портпарол во АМСМ Росана Јанков рече дека Македонија со оваа и голем број наредни кампањи земјава се вклучува во глобалната кампања за безбедно возење и намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи.
„На глобално ниво 3.500 луѓе дневно умираат од сообраќајни несреќи. Ги повикуваме граѓаните да ја користат оваа можност и се надевам дека поголем број угостители ќе се вклучат во кампањата“, рече Јанков.
Ново на Сител
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-
Во буџетот нема пари за субвенционирање на придонесите за минималец од 500 евра, велат експерти
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Само еден тендер за мазут преку компанијата на Капушевски е објавен на електронски систем
-
Собранието изгласа недоверба на 5 члена на Судски
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
ИЈЗ: Загадениот воздух се поврзува со смртта на околу 4000 луѓе годишно во Македонија